Групата Ју-ту мораше да ја одложи својата европска турнеја откако на пејачот Боно (58) му откажа гласот за време на концертот на Мерцедес Бенц Арената во Берлин.
За време на концертот било јасно дека Боно има проблеми со гласот и тој постојано имал покрај себе термос со чај. Конечно, Боно мораше да побара помош од посетителите за да ја отпее песната „Убав ден“ по што се повлече зад бината и веќе не се врати. Обожавателите на Ју-ту кои веќе купиле билети за нивните концерти подоцна биле информирани дека концертите ќе бидат одложени, но не и откажани.
Традиционално за Ју-ту, турнејата беше силно политички обоена. Боно изразуваше поддршка за Европската унија на концертите, како и за про-имигрантските протести во германскиот град Чемниц, каде убиството на Германец од страна на двајца мигранти предизвика националистички собири.