Одложено првото рочиште на судскиот процес во Струга против тројцата лекари кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето поради отсуство на обвинетите. Јилдиз Веапоска родилката која откако при царски рез остана без матка, јајници и бубрег која битката ја водеше јавно вели дека две години преживува пекол. Се уште има болки и е под медицинска терапија но со нетрпение ја чека правдата.
Адвокатот на оштетената, Јанев посочи дека колку и да се одолжува овој предмет не може да се избегне од фактот дека Веапоска е останата без три органи во струшката болница и очекува максимална казна за лекарите.
Лекарската комора првично утврди дека нема лекарска грешка, но по спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица.