Анестезиологот од Тетово, Валтон Дервиши, привремено остана без лиценца за работа. Лекарската комора ја донесе ова одлука поради тоа што им ги прекршил приватноста, правата и достоинството на пациентите со објавување видеа од гинеколошкото одделение на болницата на Тик-Ток.
На лекарот му се одзема дозволата за работа во период од 7 години, што е максимална казна што може да се изрече за ваков етички прекршок при работењето. Лекарите им се извинија на пациентките кои беа снимени, а тетовското обвинителство против Дервиши поднесе тужба за злоупотреба на службената положба и за неовластено снимање.