Поразлични од сите досегашни поради пандемијата на коронавирус, денеска во јапонската престолнина Токио свечено беа отворени 32. по ред летни Олимписки игри, на кои под официјалното мото „Побрзо, повисоко, посилно – Заедно“ ќе настапат и осум македонски олимпијци.
Свеченоста почна со огномет на Олимпискиот стадион и продолжи со оддавање почит на жртвите од пандемијата на Ковид-19, поради што Игрите беа одложени за една година, како и за жртвите на терористичкиот напад за време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година.