Британската музичка ѕвезда Адел (30) се разведува од нејзиниот сопруг по седумгодишна врска, потврди нејзиниот ПР Бени Тарантини.
Адел и бизнисменот Сајмон Конецки беа заедно седум години, а се венчаа во 2016 година.
Пејачката роди син во 2012 година, а во соопштението за јавност се наведува дека двојката и по разводот „заедно ќе се грижат за синот со многу љубов”.
И двајцата се посветени на заедничко подигање на својот син. Како и секогаш, тие бараат приватност – рече портпаролот, додавајќи дека Адел и нејзиниот сопруг нема да дадат никакви изјави за разводот.
Адел и досега својата приватност ја држеше далеку од окото на јавноста.