Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани, во денови кога Македонија молчи најгласно и е завиена во црнина, на некого му дошло до огномет.

Од нашето видео може да се види огромен огномет кој доаѓа од Градскиот парк, а според информациите од СВР Скопје, малолетник правел приватна забава во кафуле во градскиот парк, близу кејот на Вардар.

Роденденската забава се одвивала во кафулето Брик Кафе Парк кај Градскиот парк, близу Кејот на Вардар.

Граѓаните се изненадени од овој чин.