Седумгодишно момче и неговата сестра настрадаа за време на пукање на огномет на националниот празник на Франција, Денот на Бастилја, на 14 јули, во западниот град Шоле, додека други седум беа повредени.
„Ракетата експлодираше среде група луѓе“, изјави градоначалникот Жил Бурдол, пренесе Би-Би-Си.
Тој откри дека жртвите биле со останатите членови на семејството на околу 50 метри од местото каде што бил испукан огнометот.
Момчето починало на лице место, додека неговата сестра (24) починала малку подоцна од срцев удар, јавуваат француските медиуми.
Локалното обвинителство покрена истрага за убиство од небрежност.