Владата ги ограничи маржите во трговијата. На мало заработката се ограничува на 10%, додека во трговијата на големо на 5%.
Станува збор за производите чии цени досега беа замрзнати, а дополнително се додаваат и овошјето и зеленчукот. Мерката ќе важи од 1 март до 31 мај.
Тоа значи дека со одлука на Владата се ограничуваат маржите на лебот, шеќерот, солта, брашното тип 400, зејтинот, месото и сувомеснатите производи, цените на сирењето, урдата, потоа на оризот, јајцата, тестенините и пченицата.
Бектеши најави засилени контроли на пазарниот инспекторат, и високи глоби на оние кои нема да ја почитуваат мерката.
Според Канал 5, ограничени се маржите за следните производи:
5% трговија големо / 10% трговија на мало
-Овошје
-Зеленчук
-Леб
-Шеќерот
-Сол
-Брашно тип 400
-Зејтинот
-Месото и сувомеснати производи
-Сирењето и урдата
-Ориз
-Јајца
-Тестенини
-Пченица