Маржата на фирмите кои се бават со трговија на струја од денеска се ограничува на максимални 10 отсто со цел да се заштитат, фирмите, компаниите, индустријата но и стотици јавни претприја од досегашните високи трошоци. Ограничување ќе има и за крајниот снабдувач ЕВН Снабдување, од кого струја купуваат фирмите и институциите кои воопшто немаат склучено никаков договор за снабдување со струја, така што намешто досегашниие 50 отсто од цената на струјата на унгарската берза „Хупекс“ сега маржата ќе изнесува 20 отсто.
„ Ако едно училиште купува струја од слободниот пазар би ја плаќало 440 евра по мегаватчас. Тука влегува 400 евра од „Хупекс“ цената и 40 евра за трговецот. Но бидејќи нема договор, сега училиштето плаќа 600 евра за мегават час – 400 евра од цената на „Хупекс“ и 200 евра како 50 отсто плус за крајниот снабдувач. На крај, разликата е 160 евра која треба да ја плати државата“, изјави Крешник Белтеши министер за економија
Бектеши кажа и дека дел од јавните институции, општини, основни и средни училишта како и фирми биле премногу пасивни и калкулирале па затоа тие се виновни бидејќи немаат склучено договори за снабдување со електрична енергија и затоа сега ја плаќаат по цена за 50 отсто повисока од онаа на слободнито пазар.
Со новите мерки на Владата, предвидувањата се дека ќе се намалат трошоците за струја и кај инситуциите и кај компаниите кои се на отворен пазар. Ограничувањето на маржите беше едно од клучните барања на стопанските комори.