Неисправни сопирачки биле причината за вчерашната сообраќајна несреќа во резерватот Јасен во која едно лице почина, друго е тешко, а три се лесно повредени, соопшти денеска Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, повикувајќи се на резултатите од извршниот увид.
Според првичните информации, несреќата се случила откако службеното комбе во кое се превезувале петмина вработени во јавното претпријатие Јасен излетало од патот. Случајот е пријавен во МВР вчера, во 13:40 часот.
Како што информира ОЈО, по извршениот увид ќе се прави обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Ќе се проверува и сервисната историја, како и претходното одржување на возилото.