Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информират од ОЈО Скопје.

– Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на РС Македонија и за време на тогаш важечкиот полициски час се движеле на различни локации во градот, соопштија од обвинителството.

Јавниот обвинител за сите нив предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од по 20 евра во денарска противвредност.​