Основното јавно обвинителство Гостивар покренало постапка против 22-годишен гостиварец, кој ја уценувал својата поранешна девојка на иста возраст.
-Осомничениот во повеќе наврати и барал пари во замена да не објави нејзини експлицитни фотографии. На овој начин осомничениот успеал од оштетената да одземе околу 400 евра. Последниот пат и побарал 1.000 денари, девојката го пријавила, а банкнотата која му ја предала била претходно обележана. По приемот на парите, осомничениот бил задржан и кај него била пронајдена обележаната банкнота, соопшти Јавното обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице.