Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел преку соопштение до јавноста ја известува јавноста дека тие целосно се оградуваат од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Петре Латиновски поранешен Градоначалник и Весна Дамчевска Илиевска поранешен пратеник двајцата членови на ОК Бутел.

-СООПШТЕНИЕ

Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел,

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел целосно се оградува од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Петре Латиновски поранешен Градоначалник и Весна Дамчевска Илиевска поранешен пратеник двајцата членови на ОК Бутел, имено оградувањето е посочено кон овие луѓе бидејки беа дел од неодамнешната иницијатива за свикување на вондреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ со цел промена на раководството на партијата.

Сите сме свесни дека оваа неодамнешна иницијатива е под диретна насока на луѓе кои го уништија имиџот на ВМРО-ДПМНЕ и токму тие луѓе се вистинскиот товар на нашата партија затоа што енормно се збогатија на грбот на сите чесни членови кои макотрпно работат кога се во прашање сите изборни кампањи.

Секако дека Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска не изостануваат од гореспоменатите штетници за партијата, и двајцата имаат неворајтно негативен углед кај граѓаните на Бутел, оние наши членови кои за време на кампања одат на терен знаат дека овие ликови се најомразените ликови од нашите редови, заради тоа со часови се убедуваме со нашите граѓани дека ваквиот тип на кадри се веќе минато во нашата партија, личниот интерес веќе не е приоритет на ниту еден член на ВМРО-ДПМНЕ а камоли функционер.

Исто така сакаме да посочиме дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел во изминатиот период имаше доберливи информации дека Петре Латиновски и Весна Дамчевска Илиевска сите изборни циклуси од 2017 година па навака суптилно но понекогаш и директно работеа против интересите на ВМРО-ДПМНЕ и секако Македонија.

Овие двајца луѓе се можеби функционери кои највеќе имаат добиено во минатото од партијата, постои големо сомнение дека функциите кои ги вршеле во одреден период ги злоупотребиле па одтаму можеби сега се само уценети глави за туѓи интереси.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел покрај последната голема победа сонразлика од 1500 гласови на предвремените парламентарни избори, во следниот период уште позасилено ќе продолжи со својата работа за две суштински цели, горда и просперитетна Општина Бутел, унитарна и богата Македонија.

Ова соопштение е со подршка од сите раководни структури на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел:

-Најтесното раководство на ОК Бутел
-Претседателите на Месните Комитети
-Раководството ма Унијата на Жени и соте претседателки на Месни Комитети
-Раководството на УМС и претседателите на сите Месни Комитети
-Унијата на ветерани
-Ким тимовите

Со почит,

ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел, стои во нивниот пост на Фејсбук.