Околу 2.000 луѓе загинаа во неколку вчерашни силни земјотреси што го погодија западен Авганистан, изјави денеска портпаролот на владата на талибанците, Абдул Вахид Рајан за Германската новинска агенција (ДПА).

Според него бројот на повредени е многу поголем. Тој додаде дека продолжува потрагата по преживеани продолжи.

Најмалку осум земјотреси со интензитет од 4,6 до 6,3 степени според Рихтеровата скала вчера се регистрирани северозападно од авганистанскиот град Херат, што е во близина на границата со Иран.

Земјотресите беа на мала длабочина од околу 10 километри. Силни земјотреси се чести во регионот каде што се спојуваат арапските, индиските и евроазиските плочи.