Директорот на Лекарската комора на Србија, Младен Диниќ изјави денеска дека државата ја напуштаат околу 300 лекари годишно во потрага по подобра работа.

Тој истакна дека е неопходно да се преземат мерки за да се спречи таа појава во моментот кога Србија би влегла во ЕУ и кога ќе се случи масовен одлив на лекари.

– Србија има 30.000 лекари и годишно, а Лекарската комора дава околу 700 сертификати. Половината од нив се даваат за работа во викенди за работа на лекари во БиХ и Црна Гора, а според слободна проекција зборуваме дека околу 300 лекари годишно ни ја напуштаат државата, изјави Диниќ.

Тој смета дека за да се спречи тоа потребно е важно вработување на младите лекари и скратување на периодот за барање работа.