Околу 350.000 луѓе поднеле барање за азил во Германија во 2023 година. Ова е зголемување од 51,1 отсто во однос на претходната 2022 година.
Точниот број на пријавени е 351.915.
Најмногу има од Сирија – 104.561, на второ место се турските државјани – 62.624, на трето се Авганистанците – 53.582, соопшти денеска германската Федерална канцеларија за миграција и бегалци.
Како што јавуваат странските агенции, миграцијата е сериозно политичко прашање за германската влада и чувствителна тема во Германија, која се бори да ги прими големиот број новодојденци.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е под огромен политички и јавен притисок да се запре миграцијата, рече дека има „премногу“ луѓе кои доаѓаат во земјата.
На крајот на минатата година, Шолц и премиерите на германските покраини договорија нови, построги мерки против миграцијата.