Во текот на минатата година во Албанија открени се дури 5.000 имигранти повеќе споредно со претходната година,чија цел била само транзит, минување низ Албанија и продолжување кон некоја од западно – европските земји.
Тоа значи дека биле откриени над 10.000 имигранти, кои лани влегле на албанска територија, најчесто преку зелениот појас на грчко – албанската граница.
За директорот за Управата за граница и миграцијата, Едуарт Меркај, тоа е благодарение на спроведените акции врз основа на оперативнот план и соработка со силите на Фронтекс.
-Тоа е успешен резултат кога станува збор одделот што јас го раководам, а врз основа на заедничките акции со Фронтекс, како и зголемениот број албански полициски службеници ангажирани на зелената граница. Секако во тоа влијание има и соработката со колегите од соседните земји, изјави Меркај за телевизија Ора њуз.
Додава дека откако биле приведени, речиси половина од имигрантите побарале азил во Албанија, додека други доброволно се вратиле назад.
-Ако се повикаме на бројките, околу 49 отсто од илегални имигранти побараа азил во Албанија, додека другите доброволно се вратија во земјата од каде што влегле, вели Меркај.
Контролата долж албанско-грчката граница освен со зголемено присуство на албански полицајци, од 22 мај е зајакната и со 66 полицајци од 12 земји членки на ЕУ припадници на Европската агенција за гранична безбедност-Фронтекс.
Инаку, полициската статистка потврдува дека во 2018 година бил забележан рекорден број на имигранти кои побарале азил во Албанија, дури 4.095, главно Сиријци, наспроти 2017 година кога тој број изнесувал 307. Минатата година тој број е над пет илјади.