Манчестер јунајтед наскоро ќе има нов фудбалски директор, а блиску до позицијата е човекот кој ги откри Килијан Мбапе, Бернардо Силва, Антони Марсијал и Фабињо.
Весникот „Сан“ објави дека извршниот потпретседател Ед Вудвард го назначил Луис Кампос на функцијата по 18 месеци трагање по вистинската личност.
Во моментов, Португалецот ја има истата функција во француски Лил, но според информациите се очекува многу наскоро да им се придружи на „црвените ѓаволи“.
Најимпресивниот период на 55-годишниот Кампос беше во Монако, каде што во последните години Мбапе, Марсијал, Фабињо и Бернардо Силва блескаа. Пред 2 години тој го зеде Никола Пепе во Лил, кој имаше одлична сезона лани и сега е во Арсенал.
Со неговото доаѓање, во Јунајтед се надеваат дека ќе продолжат да се обложуваат уште повеќе на развојот на младите играчи кои добиваат шанса ка Оле Гунар Солскјер и на крајот ќе станат јадрото на клубот.