Функцијата генерален директор на рудникот за оволо и цинк САСА од Македонска Каменица од 17 мај ја извршува Олег Телној, информираат од Централ Азија Металс.
Оттаму додаваат дека назначувањето на Телној за нов генерален директор е дел од долгорочната стратегија за развој на САСА поставена од страна на инвеститорот – компанијата Централ Азија Металс од Лондон.
Новиот генерален директор на најголемата македонска рударска компанија е инженер и искусен професионалец за финансиско и деловно управување во рударството.
Тој на раководната позиција во САСА доаѓа од местото генерален директор на операцијата за експлоатација на бакар Кунрад во Казахстан, каде под негово раководство се постигнати одлични резултати.
Новиот генерален директор на САСА најавува дека компанијата под негово раководство ќе продолжи со инвестициите во сите клучни сегменти со кои треба да се обезбеди уште поефикасно работење, а ќе продолжи и со натамошна реализацијата на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина.