Осумкратниот олимписки шампион и сопственик на рекорд на патеките 100 и 200 метри, Усеин Болт учествуваше на презентацијата на новата опрема на ФК Олимпик Марсеј.
Францускиот клуб подготви специјален комплет дресови по повод 120-годишнината од клубот.
На Спринтер му беше врачен дрес, на кој наместо број, е испишано неговото рекордно време на 200 метри кое изнесува 19 секунди и 58 стотинки.