Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена.
Олимписките пливачи можеби нашле можен лек за справување со реката Сена полна со Ешерихија коли, што е една од големите приказни на Олимписките игри во Париз 2024 – конзерва кока-кола, пишува Њујорк Пост.
Неколку врвни спортисти тврдат дека пијалокот им помогнал да се заштитат од бактерии и било каква инфекција што може да ја добијат од натпреварувањето во отворените води.
– Нема штета од пиење на кока-кола по трка. Ако пребарате на Google, ќе видите дека може да помогне, изјави Новозеландската Ајнсли Торп за Вол Стрит Журнал по Женската триатлонска трка минатата недела.
Лекарите велат дека нема медицинска поткрепа за кока-кола како гастроентеролошко решение, но многу спортисти сè уште примаат совети од професионалците околу нив во Париз.
– Митот за Кока-Кола е вистинит, често ќе испиеме кока-кола после тоа само за да се обидеме да исфрлиме било што одвнатре, изјави австралиската маратонска пливачка Моша Џонсон.
На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета.
За денес на Олимпијадата се закажани трки на отворени води, во Сена на 10 км во женската конкуренција.
М.П.