Поранешниот капитен на Баерн Минхен, Оливер Кан, ќе се врати во клубот како член на Одборот на директори следната година и ќе стане извршен директор во 2022 година, објави шампионот на Бундеслигата.
Кан, кој има осум титули со Баварците, меѓу 1994 и 2008 година, потпиша петгодишен договор, откако одборот едногласно гласаше за поддршка на одлуката на собранието.
Кога договорот на Карл-Хајнц Румениге ќе истче на 31 декември 2021 година, Кан ќе го наследи како претседател и извршен директор.
Кан има 82 одиграни натпревари за германската репрезентација, со која стана најдобар играч на Светското во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година, триумфирајќи и во Лигата на шампионите со екипата на Баерн во 2001 година.
– За мене е голема чест и привилегија да ја преземам претседателската улога во Баерн. Би сакал да се заблагодарам на Одборот за изгласаната доверба. Длабоко сум вклучен во клубот, кој го одбележа мојот живот, и професионално и лично, рече Кан.
Веста доаѓа откако претседателот на баварскиот клуб, Ули Хенес го објави своето пензионирање.
– Убедени сме дека во Оливер ја најдовме вистинската личност за претседателската функција во Баерн. Тој беше важен играч во историјата на клубот, рече самиот Хенес.