Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје е предвидена за утревечер и настанот ќе се пренесува на МРТВ
Државна и црковна делегација утре ќе отпатува во Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб, најави Владата.
Делегацијата на церемонијата ќе ја предводи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а во неа ќе бидат и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква, миитрополитот тетовски-гостиварски.
Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, според најавата, е предвидена утревечер, во 20 часот што ќе се пренесува во живо на првиот канал на јавниот сервис МРТВ.