Вчерашната расправа и ставовите на владејачките пратеници како и пратениците кои се претставници на малцински групи ја поттикнаа Обединетата македонска дијаспора (ОМД) да истакне неколку работи кои се повеќе од погубни за Македонија и ниту малку не ја приближуваат државата на патот кон Европската Унија, се вели во нивното соопштение.

Од ОМД сметаат дека Македонија е очигледно идеолошки заробена држава со дадено зелено светло од европската и меѓународната заедница, која се фокусира на поделба и препознавање различности внатре во државата, каде заедницата свесно се поделува во помали малцински групи, наместо да се гради единство.

Според нив, македонската политичка фела не сака и не е спремна да се фокусира на своите домашни проблеми во справување со корупција, градење на основни сервиси за своите граѓани, развој на образование, здравство, судство, култура, економија итн. пред пристапот кон ЕУ.

– Очигледно е дека политичките лидери сакаат вештачки да ја спровнат земјата во ЕУ, без никакви општествени вредности, без никаков развој, со потрошени милијарди од сите наши донатори (партнерски земји) а сепак на ниво да немаме ниту книги за нашите најмили, велат од Обединетата македонска дијаспора.

Тие поставуваат прашање кого од граѓаните би го интересирало препознавање на малцински групи, кога граѓаните не можат да ги добијат основни општествени сервиси? Што мислат малцинските групи дека ќе добијат ако Македонија ги препознае а впрочем нивното дете не може да добие ниту основни лекарства а ниту сведителство?

Вчерашната парламентарна седница покажа и докажа дека во Македонија, нема ниту еден професионално образован политички визионер, ниту еден претставник кој се залага за реални европски промени, но го дефокусира општиот народ со разделби, поделеност и идеологија која и не е така далеку на оние луѓе кои Македонија општествено не економски, ја гледаа како Швајцарија на Балканот, заклучуваат од ОМД.