Во Слловенија се регистрирани 11680 новозаразени со корона вирусот во еден ден, а од последници предизвикани од коронавирусот починале 25 пациенти, што е најголем број на починати во последните неколку месеци.
„Бројот на инфекции кај постарата популација е во пораст, така што очекуваме зголемување на хоспитализациите со заостаната фаза“, рече на прес-конференција епидемиологот Нушка Чакш Јагер од Словенечкиот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
Во болниците низ Словенија се лекуваат 514 ковид пациенти, од нив 154 се на интензивна нега.
Истовремено, во Србија се регистрирани 12 763 новозаразени од околу 22 000 тессови, а од последици предизвикани од вирусот корона починале 60 граѓани.
Во болниците низ Србија во моментов на респиратор се вклучени 153 пациенти, а се лекуваат 4209 лица.