Авиокомпаниите во САД денеска откажаа уште 800 домашни и странски летови, откако вчера и за време на божиќните празници беа откажани илјадници летови.

Поради брзото ширење на новиот сој на коронавирусот наречен омикрон, авиокомпаниите откажуваат летови, а пилотите и членовите на екпажите одат во карантин. Настрадаа и крузерските компании.

Пилотите и членовите на екипажите се принудени да се изолираат, а патниците кои сепак се одлучија да патуваат користат друг вид на транспорт.

Вредноста на акциите на авиокомпаниите како „Американ ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“, „Делта ер лајн“ и „Саутвест ерлајнс“ денеска се намали за два до три отсто.

За време на божиќните празници бројот на откажани летови изнесува 3.000.

Во некои региони на САД ситуацијата се влоши и поради лошото време.

Поради заразени со Ковид-19 прекинати се пловењата на три големи крузерски компании.