Велика Британија, соочена со брз скок на инфекции со омикрон, денеска регистрира повеќе од 122.000 новозаразени, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата.
Земјата, која е една од најтешко погодените од пандемијата во Европа, има 137 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати во пандемијата се искачи на 147.857. Евидентирани се и 1.171 хоспитализации, што укажува на зголемување на овој показател, кој досега беше многу малку променет.