ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН

БУГАРСКО КУКАВИЧКО ЈАЈЦЕ ВО МАКЕДОНСКОТО ГНЕЗДО!

Вчера насекаде се прошири информацијата дека ќе се формирал нов клуб на бугаро-македонско пријателство за да се зближеле двата народа.

Но веднаш кога се објави кои се лицата кои ќе бидат претставници на македонската страна, стана јасно дека се работи за чист софиски, односно бугарски проект, бугарско кукавичко јајце кое треба да му биде подметнато на македонскиот народ.

Најголем дел од овие лица се докажани и осведочени бугарофили, противници на македонската кауза и нација.

Најголем дел од овие лица на своите профили отворено споделуваат бугарски книги кои се преполни со фалсификат историја во која се негира македонскиот идентитет, и отворено работат за бугарската кауза.

Најголем дел од овие лица никогаш не побарале од Софија да биде признаено македонското малцинство во Бугарија, туку напротив, секогаш ја обвинуваат Македонија и Македонците дека тие се виновни за конфликтот меѓу двете страни и никогаш не го осудиле бугарското негаторство и фашизоидна политика кон Македонците во 21 век!

Драган Зајковски којшто го предлагаат како историчар… изјавува дека бугарската армија го ослободила Скопје во Втората Светска војна и дека основачите на ВМРО биле Бугари!

Зар мислат дека такви како Зајковски ќе градат пријателство меѓу Македонците и Бугарите?

Такво кукавичко јајце од Бугарија нема да помине кај Македонците!
Но добро е што конечно и народот ќе ги види експонентите на бугарската негаторска политика кон Македонија и Македонците!