ОМО Илинден ПИРИН

Од клубот “Никола Вапцаров”, македонците се упатија кон споменикот на Гоце Делчев, да го одбележат Денот на геноцидот врз македонскиот народ.

Еден од најголемите масакри извршени од страна на крвниците на Ванчо Михајлов (Кирил Дрангов, Јордан Ѓурков, Панче Михајлов, Васил Шалдев, Петар Шанданов и други), подржани од тогашната бугарска власт, со директно учество на бугарска полиција и војска, како нивна поткрепа во атентатите.

За настанот:

Ванчо Иван Михајлов заедно со бугарскиот министер за војна, генерал Иван В’лков ги определиле лицата кои требале да бидат убиени и за таа цел формирале терористички групи. Во нивниот план покрај директно обвинетите лица за убиството на Тодор Александров, ги ставиле сите лица од Илинденската организација (Георги Занков, Славчо Пирчев, Александар Ефтимов, Владислав Георгиев, Михаил Чаков, Петар Ацев, Славчо Ковачев, Арсениј Јовков, Ангел Динев и Иван Серфимов-Аговски), како и сите лица кои се спортивставиле на Ванчомихајловистичката политика на решавање на македонското прашање.

За оваа цел се ангажирал министерот Стоенчев од деветојунскиот кабинет на Цанков, а зад Стоенчев стоел Александар Протогеров, со кој во минатото се бореа против внатрешните чети на организацијата, а и двајцата биле разоружани од македонската милиција и комитите на Сандо Китанов, Сандански и Чернопеев. На ова “Советување” во Горна Џумаја, лично Ванчо Михајлов испратил покани до Илинденската организација, како и до луѓето блиски на Димо Хаџи Димов (Христо Јанков, Ангел Динев, Доне Попчето, Ангел Попвасилев, Гоце Грков, Милан Ангелов и Крсто Гермов – Шакир) кои сепак не се фатиле на оваа јадица.

На 11 септември 1924 година, во Горна Џумаја допатувале Кирил Дрангов и Панче Михајлов со цел да го убијат Алеко Паша, а тоа убиство да абиде знак дека може да се отпочне со ликвидација на сите македонски револуционери и личности, кои тие денови пристигнале во Горна Џумаја.

Првото собрание се одржало на 12 септември, откако завршило, по некое време во куќата на Алеко се вратиле Кирил Дрангов и Панче Михалјов, додека надвор куќата ја обиколиле бугарските полицајци, со цел да не побегне некој. Со ова јасно се гледа во чија служба и согласност се вршени овие атентати и ликвидации. Од 8 часот изутрината до доцна вечерта на 12 септември Горна Џумаја беше под опсада од кордон на бугарска војска и полиција, кои не дозволуваа никој нити да влезе нити да излезе од градот. Веќе на 13 септември, терористите на Михајлов заедно со бугарската полиција почнале да убиваат кого и да сретнат низ улиците на градот.

Тој ден прв бил убиен Георги Коларов, па Георги Атанасов, Георги Гевгеличанчето, Димитрето и браќата Коста и Наско Елшански. Од Илинденците ранет во нога бил Петар Ацев, додека Арсениј Јовков бил жив фатен, изнесен од градот и убиен.

За Мехомиско на мотоцикли биле испратени војници и терористи на ВМРО на Михајлов каде биле убиени: Георги Ковачев, Георги Пенков и Александар Бујнов. Во Петрич бил убиен Методи Алексиев, а неговите убијци ги ликвидирале и Георги Манолев, Петар Говедарчето, Петар Балкански, Васил Попстојанов и други.
Истиот ден во Софија, од страна на Михајовистот Владо Черноземски е убиен Димо Хаџи Димов, а убиени се и Славчо Ковачев и Ангел Василев. Во Пловдив е убиен Чудомир Кантарџиев, а во Станимака – Скрижевски. Убиствата на македонските револуционери продолжиле и наредните денови и месеци.

Ванчо Михајлов го искористил убиството на Тодор Александров, како причина за одмазда кон сите македонци (револуционери и обичен народ) кој решение на македонското прашање гледале преку обединувачкиот Мајски Манифест, односно не се гледале како дел од идна Бугарска држава во која македонците ќе бидат сметани за бугари.
——
Се смета дека под командата на Ванчо Михајлов се убиени од 2000 до 3000 Мљкедонци низ Пиринска Македонија и Бугарија.