Африканските земји вчера испратија писмо до Обединети нации во кое бараат Советот на ОН за човекови права итно да се организира расправа за расизмот и полициската бруталност.
Повод за писмото е смртта на Афроамериканецот, Џорџ Флојд и бранот протести ширум светот.
Во писмото на Африкансата група составена од 54 држави се наведува дека бараат „итна расправа за актуелното кршење на човековите права врз основа на расата, како и за полициското насилство врз лицата со африканско потекло и насилството кон мирните протести“.
– Трагичниот настан од 25 мај во Минеаполис, САД, што добеде до смрет на Џорџ Флојд и предизвика протести ширум светот против неправдата и бруталноста кон лицата со африканско потекло, кои секојдневно се соочуваат со тоа во многу подрачја на светот. За жал смртта на Флојд не е изолиран случај, се посочува во писмото.
Во писмото се бара дебатата да биде одржана следната недела во текот на продолжувањето на 43 седница на Советот на ОН за човекови права, што беше прекината во март поради пандемијата со Ковид-19.
Семејството на Флојд и на другите жртви на полициското насилство, како и повеќе од 600 невладини организации неодамна побараа од Советот на ОН за човекови права итно да дебатира за проблемот со расизмот и неказнивоста на полицајците во САД.