Обединетите нации ги повика Обединетите Арапски Емирати да обезбедат конкретни докази дека е жива принцеза Латифа Ал Мактум, ќерката на суверенот на Дубаи, која наводно е затворена спротивно на нејзината волја.
Во соопштението на ОН, објавена во Женева, експертите за човекови права наведуваат дека таа под итно треба да биде ослободна од заточеништво.
Принцезата Латифа во 2018 година се обидела да избега од Дубаи, а во снимениот видео материјал што пред повеќе од еден месец го објави Би-Би-Си таа тврди дека припадници на специјалните безбедносни сили ја дрогирале и ја вратиле во заточеништво.