Шефот на ОН за хуманитарни прашања, Том Флечер, изјави дека Израел насилно ги изгладнува луѓето во Газа. Флечер за Би-Би-Си изјави дека верува оти ова довело до промена во меѓународната реакција на војната во Газа.
Tој одговори потврдно на прашањето дали гладувањето се квалификува како воен злостор.
„Тоа е класифицирано како воен злостор. Очигледно е дека ова се прашања за кои судовите треба да одлучуваат, а на крајот и историја“, рече тој.
Тој, исто така, изрази жалење за неодамнешната изјава дека 14.000 бебиња би можеле да умрат во рок од 48 часа во Газа ако не се дозволи влез на помош, која ОН подоцна ја повлече, велејќи дека таквите изјави мора да бидат претпазливи, пренесуваат светските медиуми.
Минатата недела, Израел дозволи дел од хуманитарната помош да влезе во Газа, по притисок од меѓународната заедница и три месеци по целосна блокада, што предизвика криза со снабдувањето со храна, лекови и гориво.