ОН ЈА НАМАЛУВА ПОМОШТА ЗА ДВА МИЛИОНИ АВГАНИСТАНЦИ: : Немаме доволно средства

/ 05.09.2023

Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) во Авганистан е принудена да направи кратења во септември поради големиот недостиг на средства, што ќе погоди уште 2 милиони луѓе, се вели во соопштението на организацијата.

Со ова вкупниот број на луѓе погодени од намалувањето на поддршката на WFP оваа година достигна 10 милиони.

„Со малкуте ресурси што ни останаа, не можеме да им служиме на сите луѓе кои се на работ на апсолутна сиромаштија“, рече Хсијао-Веи Ли, директор на WFP за Авганистан. Кратењата значат дека 1,4 милиони бремени жени и нивните деца повеќе не добиваат специјализирана храна наменета за спречување на неухранетост, објави агенцијата.

„За следните шест месеци, на WFP му требаат една милијарда долари за да обезбеди храна и поддршка за 21 милион луѓе“, додаваат тие во соопштението. Авганистан страда од последиците од 40 годишниот конфликт, осакатената економија и ефектите од климатската криза. WFP ги повика земјите донатори да дадат приоритет на финансирањето за хуманитарни операции на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк оваа есен.


Од истата категорија