ОН имаат намера да платат речиси шест милиони долари за заштита на своите капацитети во Авганистан на Министерството за внатрешни работи чиј шеф е предмет на санкции на ОН и САД, а по кој трага ФБИ. Тоа се наведува во внатрешен документ на ОН, јавија западни медиуми.
Сумата ќе биде исплатена следниот месец, главно за субвенционирање на платите на талибанските борци кои ги чуваат локациите на меѓународната организација во Авганистан. Планирано е и покривање на месечните оброци на овие чувари, што е напишано во договор со претходната влада во Кабул.
Неколку експерти велат дека предметната исплата предизвикува сомнеж дали се прекршуваат санкциите против талибанците и нивните лидери и дали ОН ќе можат да следат дали средствата се пренасочуваат за други цели.