Обединетите нации продолжуваат да се надеваат на дипломатско решение на кризата во Украина и покрај воената ескалација на Русија, соопшти ОН.
– Видовме дека тие сè уште планираат разговори меѓу САД и Руската Федерација, се надеваме подоцна оваа недела во Женева. Се надеваме дека тие ќе продолжат, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк.
– Воени конфликт ќе биде катастрофален, рече Стефан Дужарик.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен требаше да се сретнат во четврток во Женева, но состанокот е доведен во прашање по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да распореди руски војници во источна Украина.