Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Мишел Башелет ги повика денеска меѓународните експерти да се вклучат во независната истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Башелет ја повика и Саудиска Арабија да открие каде се наоѓа телото на Кашоги, наведувајќи дека форензичките истражувања и аутопсијата се клучни елементи во истрагата за „шокантно бесрамното злосторство“ извршено во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.