Дваесет и четири отсто од населението на Венецуела кое е речиси 7 милиони, имаат потреба од хуманитарна помош, а неухранетоста и болестите се зголемуваат во таа држава, објавија во извештај ОН.
Извештајот му бил даден на претседателот Николас Мадуро кој ја обвинува опозицијата и американските санкции за кризата.
Според документот на 45 страници, во 2018 година повеќе од 94 отсто од населението живеело во сиромаштија, а 60 отсто во крајна сиромаштија.
Консумацијата на месо и зеленчуци меѓу 2014 година и 2017 година е намалена драстично, а на млеко е намалена за 77 отсто.
Околу 3,7 милиони луѓе се неухранети, меѓу кои 22 отсто од децата под 5-годишна возраст. Поради недостиг од вода за пиење, во Венецуела се регистрирани болести – туберколоза, дифтерија, маларија и хепатит А.
Секој ден државата ја напуштаат околу 5.000 луѓе. Над 3,4 милиони Венецуелци во моментот се во состојба на бегалци или мигранти во соседни држави, с енаведува во извештајот на ОН.