Многу украински бегалци ја напуштаат Бугарија поради зголемената неизвесност околу нивното сместување. Тоа го утврди Високиот комесаријат за бегалци на ОН, јави БНР.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, во Бугарија влегле повеќе од 700 илјади луѓе, но во моментов останале нешто повеќе од 50 илјади од кои 80 отсто од нив се жени и деца.
Повеќе од 100 илјади луѓе од нив ја напуштиле Бугарија во периодот од 5 септември до 5 октомври, додаваат од меѓународната организација. Повеќето од оние што заминуваат се враќаат во Украина, а останатите заминуваат во други европски земји.
Според организацијата, главната причина е неизвесноста околу сместувањето на бегалците во владините бази и хотели. Мерката беше воведена од кабинетот на Кирил Петков, а преодната влада ја продолжи до крајот на овој месец.
Во моментов од неа имаат корист повеќе од 12 илјади бегалци. Друга причина е неможноста за плаќање наемнина. Во текот на зимата бегалците од најранливите групи ќе останат во Бугарија и ќе им треба заштита, наведуваат од ОН, пренесе БНР.