Обединетите нации денеска соопштија дека нивните истражувачи во понеделник ќе ги објават своите сознанија за случајот со рускиот опозициски лидер Андреј Навални.
Како што пренесуваат странските агенции, најавено е дека специјалниот известувач на ООН за слобода на говор Ирена Хан и специјалниот известувач за вонсудски спогодби Ањес Каламар ќе ги објават своите наоди за случајот Навални на прес-конференција во Женева.
Алексеј Навални, кој беше уапсен во јануари во Москва, откако се лекуваше од труење во Германија, побара од Обединетите нации да го испитаат случајот со неговото труење. Германската Влада на 2 септември, повикувајќи се на лабораторијата во Бундесвер, соопшти рече дека рускиот опозиционер бил отруен со супстанца од групата хемиски боени отрови „Новичок“.