Војната што почна пред повеќе од седум години во Сирија причини штета од околу 400 милијарди долари, соопштија денеска Обединети нации.
Проценката на ОН е објавена по состанокот на повеќе од 50 сириски и меѓународни експерти кои во Бејрут, организиран од Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија (ЦЕСАО).
ЦЕСАО наведува дека разурнувањето во Сирија чини повеќе од 388 милијарди долари, но во сумата не се опфатени „човечките загуби“ односно луѓето загинати во борбите или загубите поради раселување на населението.
Повеќе од половина сириски жители ја напуштија земјата или се внатрешно раселени лица во изминатите седум години.
Во војната загинаа над 350.000 луѓе.
ЦЕСАО најави дека комплетниот извештај за влијанието на седумгодишната војна во Сирија дека ќе биде објавен во септември.