Десетици илјади деца се користат како војници во вооружени конфликти низ целиот свет, соопшти Уницеф.
Децата што живеат во држави каде траат конфликти – во Јужен Судан, Централноафриканска Република, Конго, Сомалија, Сирија и Јемен се вклучени во спротивставените страни на насилство. Момчињата и девојчињата во училишна возраст исто така се користат како војници или им помагаат на вооружени групи во Авганистан, Мали и Мјанмар.
Покрај тоа што се принудени да се борат, децата се присилени и служат како разузнавачи, готват или собираат дрва. Некои девојчиња се принудени да се омажат со борци додека момчињата и девојките се подеднакво сексуално злоставувани, објави УНИЦЕФ.
Децата се принудени да служат како „живи штитови” или да активираат експлозиви во преполни плоштади. Тешко е да се соберат точни податоци, но според некои проценки, организацијата забележува дека во светот има околу 250.000 деца војници.