Додека Владата дава за 3 години 40 милиони евра за дозволи за компјутерски програми за администрација, во истите три години долгот на Онкологија нараснува на 20 милиони евра, а внатре се случува грозоморен криминал, истакна на денешната изјавата портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на на Стоилковски:

Зад мене е Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија, за жал позната по тоа што се крадени скапи лекови од пациенти и по тоа што е една од петте најзадолжени институции во Македонија.

Почитувани,

Додека владата дава за 3 години 40 милиони евра за дозволи за компјутерски програми за администрација, во истите три години долгот на Онкологија нараснува на 20 милиони евра, а внатре се случува грозоморен криминал.

СДС се уште не одговара зошто се дадени 40 милиони евра, 15 па 25 милиони евра во три години за лиценци за софтвери?

Зошто услуга која што била платена 15 милиони евра сега се плаќа 25 милиони евра?

Дали фирмата избрана од Драги Рашковски како претходен генерален секретар е единствениот избор за овие лиценци?

Зошто се даваат 10 милиони евра повеќе, дали администрацијата повеќе работи или причината е зголемениот број на административци?

Почитувани,

Со 40 милиони евра во овие три години два пати ќе се вратеше долгот на Онкологија. Само со 25-те милиони евра договорени на 1-ви септември за лиценци, ќе се платеше долгот на Онкологија и ќе останеа пари.

Но тоа би се случило доколку СДС се грижеа за пациентите и за народот наместо за лиценци и фирми по избор на Драги Рашковски!, рече Стоилковски.