Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија во соработка со Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Црна Гора денеска организира онлајн-дискусија на тема “Стратегијата на Кина за Западен Балкан – преку економски до политички импликации”.

Настанот ќе го отворат официјалните претставници на Фондацијата во Македонија и Косово Даниел Браун и во Србија и Црна Гора и Норберт Бекман-Диркес, кои ќе имаат и воведни излагања на темата.

Главни говорници на форумт се проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитет Св. Климент Охридски – Битола,  и Ненад Копровиќ, експерт за европски прашања / стипендист на КАС, од Црна Гора. кои ќе направен осврт на кинеското влијание на Западен Балкан и неговото значење од политички, безбедносен и економски аспект.