Екипата на цртаниот филм „Лути птици 2“ се придружува кон активноста на Обединетите нации за спречување на климатски промени и на негативните последици од нив.
За време на промовирањето на филмот, глумците од новата и од оригиналната постава ќе ги насочуваат децата, но и повозрасните граѓани како до малите, но големи чекори во секојдневието за да спречат поголема катастрофа. Како дел од кампањата е и „ActNow Bot“ апликацијата за паметни уреди.
– Климатските промени веќе влијаат на целиот свет, без разлика каде живееме. Преку заеднички акции и преку соработка внатре во заедниците, како и меѓу различните заедници, може да се справиме со климатската криза. Ние сме благодарни на тимот на „Лути птици“ којшто повторно се приклучи на оваа акција. Тие се вистински пример за тоа како секој може да придонесе и дека секоја заложба е важна, изјави Махер Насер од Одделот за глобална комуникација при ОН.