Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за два проценти. Во Република Македонија минатата година се родени вкупно 18 790 деца, од кои живородени се 18 648, а мртвородени 142, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,1 процент, односно на 100 живородени женски деца 104,5 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец јули, односно 1 735.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 34 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања.

Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1992 година.

Во 2021 година се регистрирани и 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 546 деца, или 13,7 проценти од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.