Опал Сучата од Тајланд победи на 72-от избор за Мис на светот денес во Хајдерабад, Индија. „Овој момент не е само лична победа, туку заеднички сон на секое младо девојче кое сака да биде видено, познато и да направи разлика.

Чест ми е што го претставувам ова наследство и го користам моето време како Мис на светот за да направам вистинска разлика“, рече Сучата по нејзината победа.

Титулата најубава жена на светот ѝ ја предаде на Сучати минатогодишната победничка Кристина Пишкова од Чешка, според официјалната веб-страница на натпреварот.

Покрај Тајланѓанката, меѓу првите четири кандидатки беа Аурели Јоаким од Мартиник, Етиопјанката Хасет Дередзе и Маја Клајда од Полска.