Португалска галија, која спаѓа во групата медузи, но всушност не е медуза, се појави последниве недели на италијанскиот брег од Јадранското Море, помеѓу градовите Пескара и Бари.
Ова атрактивно животинче е смртоносно, а со својот изглед го привлекува вниманието на капачите, особено на најмладите.
– Живее на површината од морето, достигнува големина од 28 до 30 сантиметри, а со допир на човек може да му нанесе страшна болка. Поточно предизвикува силна болка со убодот, а може да предизвика срцев удар и смрт, пишува Глас Истре.
Италијанските медиуми пишуваат колку е опасна португалската галија, со латински назив Physalia phisalis, тропски вид, која може да биде и смртоносна, поради што стручњаците ги предупредија луѓето веднаш да се оддалечат штом забележат вакво животинче.
Во Италија, пред неколку години, регистриран е смртен случај, кога почина жена која допрела португалска галија.