Претставници на членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) и на земјите произвоители на енегренсот што не се членки на картелот, денеска на средба во Виена резговараат за надминување на разликите околу очекуваното намалување на дневното нафтено производство.
Претставниците на 25-те земји, познати и како ОПЕК+, кои поседуваат над половина од вкупните светски резерви на нафта, досега не можеа да се договорат за квотата за намалување на дневното производство, поради несогласувањата меѓу Саудиска Арабија и Русија.
Саудиска Арабија е најголем производител на нафта меѓу 15-те членки на ОПЕК; додека Русија е лидер во производството на енегренсот меѓу 10-те останати земји кои не се членки на картелот, но поседуваат значителни резерви на „црното злато“.
Целта на намалувањето на производството е да се запре падот на цените на нафтата, која од почетокот на октомври поевтини за околу 30 проценти.
Ваквиот пад на цената на нафтата се должеше на решението на ОПЕК за зголемување на дневното производство, по одлуката на САД за обнова на санкциите кон Иран, кои вклучуваат и забрана за извоз на енергенсот. Сепак, иранскиот извоз на нафта не се намали колку што се очекуваше, што доведе до вишок на понудата на енергенсот на пазарот.
Зголеменото нафтено производство резултираше и со раст на залихите на нафта во САД, Русија и членките на ОПЕК, што исто така влијае на цената на енергенсот.
Се очекува на денешното заседание ОПЕК+ да ја разгледан можноста за намалување на дневното поризводство на нафта за еден милиони барели, што би довело до намалување на нафтената понуда за еден процент.
Според експертите ваквата можност е многу веројатна, бидејќи ОПЕК стравува од повторување на 2014 година, кога цената на нафтата забележа драстичен пад, како резултат на значитечно поголемата понуда од побарувачката.