Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари лица „Аеродром“.
Како што соопшти Општината, ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид-19.
Општина Аеродром, се вели во соопштението, редовно врши дезинфекција со што се опфатени сите детски и спортски игралишта, контејнерите, кантите за отпадоци, како и целокупната урбана опрема.