Одземањето на ингеренциите во образованието Општина Гостивар го оцени како политичка одлука и дека со последното разрешување и именување директори од страна на градоначалникот Арбен Таравари немало повреда на процедурите.

Раководителката на Секторорт за јавни дејности при Општина Гостивар Аслиан Снопче на прес-конференција покажа документи за кои рече дека се аргументи против одлуката на Министерството за образование и наука.

– Одлуката за одземање на надлежностите вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка. По увидот во основните училишта Државниот инспекторат за образование  утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од Општина Гостивар не се објавени во три дневни весници, туку само во два. Од тие причини градоначалникот Таравари донесе решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори, на ист начин како што постапи и министерот кој сега донесува одлука за одземање на ингеренциите. Таков е случајот и со ООУ „Прпарими“ во Чегране, рече Снопче.

Таа потенцираше дека Инспекторатот утврдил дека при поништувањето на решенијата градоначалникот на Гостивар постапил според законот и не е констатиран прекршок.

Со решение на министерот за образование и наука Арбер Адеми вчера му се одземени  надлежностите на градоначалникот на Гостивар во делот на разрешување и именување директори во период од девет месеци. з